Ѓоковиќ позитивен на коронавирус

Од:

Новак Ѓоковиќ, шампионот на Вимблдон и Австралија опен и моментално најдобар тенисер во светот, е позитивен на коронавирус.

Светскиот рекет број еден веднаш по пристигнувањето од „Адрија тур“ во Задар, го посети својот лекар во Белград, каде што беше тестиран и наодите, за жал, се позитивни.

Неговата сопруга е исто така позитивна, а децата немаат вирус.

– Веднаш по пристигнувањето во Белград отидовме на тестирање. Мојот и резултатот на Јелена се позитивни, децата се негативни, рече Новак.

– Се што направивме во изминатиот месец, направивме со чисто срце и искрени намери. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер со идеја да помогнеме на тенисерите од регионот да го пребродат овој тежок период. Во исто време сакавме да испратиме порака на солидарност и фер плеј. Целта ни беше да помогнеме на оние кои имаат најмногу потреба од помош. Го организиравме турнирот во време кога вирусот ослабе верувајќи дека се стекнати услови за негово одржување, кажа тенисерот.

– Исклучително ми е жал за секој заразен. Ги следам изјавите на докторите и се надевам дека бројот на заразени нема да се зголеми. Се надевам дека нема да се искомплицира здравствената ситуација кај никој и дека сите ќе бидат добро. Јас ќе останам во самоизолација наредните 14 дена и ќе го повторам тестот за пет, додаде Ѓоковиќ.

Иако не чувствувал никакви симптоми, што би укажало на присуство на вирусот во неговиот организам, Новак инсистирал да направи тестови на коронавирус при пристигнувањето во Белград.

Она што е познато од порано е дека член на неговиот тим, кондицискиот тренер Марко Паникио, кој беше тестиран во Задар, исто така беше позитивен на тестирањето.

Тренерот на Новак, Горан Иванишевиќ, беше тестиран првпат пред пет дена, наодите беа негативни, како и оние што беа извршени во последните два дена.

Сè започна кога беше откриено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој во саботата се откажа од натамошно натпреварување на „Адрија тур“, е позитивен на вирусот.

Подоцна беа тестирани уште 22 лица кои беа на турнирот во Задар, и тројца имаа позитивни резултати, хрватскиот тенисер Борна Чориќ, тренерот на Григор Димитров, Кристијан Грох, и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паникио.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска