Ѓоковиќ повторно не може да игра во САД

Од:

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, доколку остане на убедувањето за вакцинација, сигурно нема да може да учествува на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами, според новите мерки од Соединетите Американски Држави.

Имено, локалната администрација го продолжи до 10 април законот со кој се бара секој странец да се вакцинира доколку сака да влезе во земјата.

Со ова е јасно дека Новак нема да може да игра во Индијан Велс и Мајами, кои стартуваат на 8 и 22 март.

Во моментов Ѓоковиќ игра турнир во Аделаида, по што ќе се пресели во Мелбурн каде ќе се натпреварува на Австралија опен.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата