Ѓоковиќ поразен од Синер седми пат по ред

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше поразен вечерва во полуфиналето на егзибицискиот турнир „Six Kings Slam“ во Ријад од Италијанецот Јаник Синер со резултат 6:4, 6:2.

Мечот траеше 63 минути, а Ѓоковиќ беше поразен од Италијанецот по седми пат по ред.

На Синер му беше потребен еден брејк во првиот сет за да поведе, додека триумфот го обезбеди со два брејка во вториот сет.

Италијанецот ќе игра во финалето против Шпанецот Карлос Алкараз, кој претходно го победи Американецот Тејлор Фриц со 6:4, 6:2.

Би можело да ве интересира

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Јаник Синер стигна до првото полуфинале на Вимблдон

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он

Синер елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

А1он