Ѓоковиќ полни 33 години

Од:

Освојувачот на 17 Гренд-слем титули, Новак Ѓоковиќ, денес полни 33 години. Ова значи дека само двајца од сегашните тенисери имаат освоено еден од најголемите тениски турнири и се помлади од „големите тројца“ – Хуан Мартин дел Потро (УС Опен 2009) и Марин Чилиќ (УС Опен 2014), кои се на 31.

Првата титула во славната кариера на живата легенда Ѓоковиќ ја освои на 19-годишна возраст во Есторил, а фудбалската икона Еузебио му го врачи трофејот.

Ѓоковиќ има осум триумфи во Австралија, 5 на Вимблдон, 3 во Њујорк и еден на Ролан Гарос. Тој исто така беше шампион со Србија во Дејвис Купот и АТП Купот, а индивидуално уште има 34 „Мастерс“ титули и е единствениот што победил на секој турнир во најсилната серија на Тениската асоцијација за мажи (АТП). Тој го освои финалето на АТП пет пати и има вкупно 79 пехари во својата кариера.

Србинот 282 недели бил на врвот на светската ранг-листа, а последно, но не и најмалку важно, тој има позитивен биланс во неговите натпревари со едни од двајцата најголеми во историјата – Рафаел Надал (29:26) и Роџер Федерер (27:23).

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

Пораз на Ѓоковиќ во полуфиналето во Дубаи, Медведев го реши во два сета

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јелена му запеа на Новак Ѓоковиќ: „Откако се заљубив во тебе“

Ана Ололовска

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска

Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Ана Ололовска