Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по јубилеен десетти пат го освои трофејот на Австралија опен откако во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 7:6). Тоа е 22. пехар од големите гренслем турнири за Ѓоковиќ, со што се израмни со Рафаел Надал, а повторно ќе биде и најдобар тенисер на АТП листата.

Речиси без грешка одигра Србинот во текот на сите три часа, а Циципас не можеше да стори ништо повеќе освен да даде силен отпор. Сепак, Ѓоковиќ триумфално се врати во Мелбурн откако имаше проблеми и беше протеран од Австралија поради познатите причини со ваквинацијата против Ковид-19.

Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а во вториот Циципас го задржа до крај својот сервис, но загуби во тај-брејк со 7:4 на поени.

На почетокот на третиот сет и Ѓоковиќ и Циципас загубија по еден свој сервис, а потоа сетот повторно се решаваше во тај-брејк. Србинот имаше водство од 5:0, Гркот намали на 5:3, но на крајот сепак Новак Ѓоковиќ го комплетираше тај-брејкот, мечот и го освои гренслем турнирот во Мелбурн.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Ѓоковиќ: Планирам да играм на повеќе турнири од минатата сезона

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха