Ѓоковиќ нема да биде депортиран денеска

Од:

На Новак Ѓоковиќ му е продолжен престојот во Австралија. Дефинитивно нема да има депортација во текот на денов. Според последните информации, Ѓоковиќ во Мелбурн ќе остане најверојатно до понделник за кога е закажано ново сослушување.

Адвокатот на Владата на Комонвелтот, соопшти дека министерката за внатрешни работи нема да се противи на привремената забрана за депортација. Ѓоковиќ останува во Мелбурн уште една ноќ.

Ѓоковиќ кому не му беше дозволен влез во Австралија откако според властите не приложил доволно докази за медицински исклучок од вакцинација против Ковид-19 денеска имаше сослужување во Федерален суд. Ова произлезе по жалбата на неговиот адвокатски тим откако властите во Викторија решија да му ја укинат издадената виза.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата