Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе играм на УС Опен

Од:

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се врати на теренот по пауза од 14 дена поради позитивниот тест на коронавирус. Ѓоковиќ направи целосна тренинг сесија со Виктор Троицки, во неговата академија во белградската населба Дорќол и вели дека се чувствува добро.

– Не сум сигурен дали ќе играм на УС Опен. Планирам да ги играм Мадрид, Рим и Ролан Гарос во септември, рече тој во интервју за „Спортски журнал“.

Ѓоковиќ го одигра својот последен натпревар во Задар на „Адрија Тур“, каде требаше да игра и во финалето, но тоа беше откажано откако Бугаринот Григор Димитров доби позитивен тест на Ковид-19. Набргу потоа, Новак се врати во Србија, каде што беше тестиран со сопругата Јелена, а резултатите покажаа дека и тие се заразени.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ