Ѓоковиќ ја заврши сезоната

Од:

Тенисерот Новак Ѓоковиќ денеска објави дека поради повреда нема да се натпреварува до крајот на 2017 година. Тој во четвртфиналето на Вимблдон го предаде мечот на Томаш Бердих.

Ѓоковиќ има повреда на лактот, која му создава проблеми повеќе од една година.

– Оваа одлука морав да ја донесам. На Вимблдон болките беа се поголеми. По консултации со многу специјалисти решив дека ми е потребен одмор. Ќе се обидам со различни методи на рехабилитација да се вратам што е можно побрзо на теренот. Еден период ќе биде и без употреба на рекетот, а се надевам дека потоа ќе можам да тренирам. Му благодарам на Андре Агаси што беше одреден период со мене и се радувам што и понатаму ќе имаме соработка на големите турнири, изјави Ѓоковиќ.

Тој до крајот на сезоната ќе ја пропушти американската турнеја како и учеството на Грен слем турнирот во Њујорк (УС Опен).

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ