Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е последниот осми патник во четвртфиналето на неофицијалното Светскот тениско првенство Вимблдон.
Ѓоковиќ во последниот меч од осминафиналната рунда кој се одигра денеска, во три сета со 6-2, 7-6 и 6-4 го победи Адриан Манарино од Франција.
Ѓоковиќ, кој е втор носител на турнирот, во четвртфиналето ќе игра против Чехот, Томас Бердих (11. носител).
Во останатите четврфинални мечеви кои на програмата се утре ќе се сретнат: Роџер Федерер (Швајцарија, 3) – Милош Раониќ (Канада, 6), Марио Чилиќ (Хрватска, 7) – Жил Милер (Луксембург, 16) и Енди Мареј (В. Британија, 1) – Сем Квери (САД, 24).