Освојувачот на 17 Гренд слем титули и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ бил во близок контакт со лице кое е заразено со коронавирус. Се работи за српскиот кошаркар Никола Јанковиќ, за кого неговиот клуб Партизан објави дека е позитивен на тест за Ковид-19.
Новак и Никола беа дел од настанот во чест на тренерот Дејан Милојевиќ, на кој присуствуваа и други познати личности.
Nikoli Jankoviću potvrđeno prisustvo virusa Covid 19 u organizmu.
Nikola se dobro oseća, nema nikakvih tegoba i upućen je u samoizolaciju prema instrukcijama lekara.
Više na: https://t.co/uT7QRqRRaA#KKPartizan pic.twitter.com/32DoOwb3qo
— KK Partizan NIS (@PartizanBC) June 15, 2020
Ова е вознемирувачка вест, затоа што Ѓоковиќ во текот на викендот собра некои од ѕвездите на машкиот тенис за егзибицискиот „Адрија Тур“.