Ѓоковиќ го освои турнирот во Женева со пресврт и стигна до 100-тата титула во кариерата

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (6-ти АТП) го освои АТП турнирот во Женева откако во денешното финале беше подобар од Полјакот Хуберт Хуркач (31-ви АТП). Со тоа, Ѓоковиќ стигна до јубилејната 100-та титула во својата богата кариера.

Финалето траеше повеќе од три часа, а резултатот беше 5:7, 7:6, 7:6 за Ѓоковиќ.

На почетокот од натпреварот, Хуберт и Новак беа исклучително внимателни и квалитетни на своите сервиси, а победникот на првиот сет беше решен во 12-от гем кога Полјакот освои брејк што беше доволен за да поведе во овој натпревар.

Речиси идентично беше и во вториот сет, каде што Ѓоковиќ едноставно не можеше да добие брејк. И Хуркач немаше шанси на сервисот на Новак, па се играше тај-брејк, во кој српскиот тенисер се снајде подобро и стигна до нерешен резултат.

Хуркач добро го отвори третиот, одлучувачки сет и брзо поведе со 2:0 бидејќи доби брејк на првиот сервис на Ѓоковиќ. Сепак, Новак возврати во осмиот гем и израмни на 4:4. Тај-брејкот беше повторно одигран, и според добро пробаниот рецепт, Ѓоковиќ повторно се снајде подобро и оствари голема победа.

Ѓоковиќ ја освои 100-тата титула во кариерата, што само дополнително потврди дека е најдобриот тенисер на сите времиња.

Би можело да ве интересира

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка