Ѓоковиќ е елиминиран на стартот од турнирот во Монте Карло

Од:

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран на стартот од турнирот во Монте Карло.

Тој беше поразен од чилеанскиот тенисер Алехандро Табило со 3:6, 4:6.

Новак брилијантно го отвори мечот, направи брејк во првиот гем, а токму кога се чинеше дека ќе видиме тотална доминација на српскиот тенисер, се случи спротивното. Табило отиде на се или ништо, сервираше одлично, го освои брејкот, а потоа го сврте сетот во своја полза. За ова придонесоа и грешките на Ѓоковиќ – слабо сервираше и се помалку се движеше по теренот, поради што го загуби првиот сет.

Таму каде што застана Табило во првото, продолжи во второто. Играше се подобро и подобро, додека Новак не најде решение за својата игра. Чилеанецот успеа да направи брејк во третиот гем и да го доведе српскиот тенисер во незгодна ситуација од која не можеше да побегне.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он