Ѓоко Хаџиевски нов шеф на стручниот штаб на ФК „Пелистер“- Битола

Од:

Општина Битола и приватната компанија „Цермат“ – Битола, главни акционери во ФК Пелистер денес заеднички соопштија дека во наредниот период шеф на стручниот штаб на клубот ќе биде познатиот фудбалски стручњак Ѓоко Хаџиевски.

На средбата со новинарите во Битола беше соопштено и новото водство на клубот чии амбиции се јакнење на клубот и постигнување на врвни резултати.

Со доаѓањето на Ѓоко Хаџиевски во Пелистер сакаме клубот секогаш да биде меѓу првите и да се избори за европските натпреварувања. Се обединивме како екипа која максимално ќе се вложи и создаваме предуслови за остварување на заедничката цел, Пелистер да биде меѓу најдобрите клубови во државата, посочи Талески.

Според  новиот тренер на битолскиот клуб, Ѓоко Хаџиевски, основниот мотив за како што рече враќање во Битола после 24 години, е желбата да се направи клуб подобар од било кога досега.

– Се враќам како тренер со полна сила и целото мое искуство и мотивација ќе ја изложам пред спортската јавност во Битола  за да го направиме клубот подобар од кога било досега. Битолчани знаат да препознаат што е квалитет и затоа нашата понуда ќе биде квалитетно работење и создавање најквалитетен фудбалски центар со јасна стратегија и цел, истакна Хаџиевски.

Новиот шеф на стручниот штаб ги поздрави напорите на локалната самоуправа за изградба на нов стадион со европски стандарди, а тоа ќе значи да се врати поранешниот просек од четири до пет илјадна публика по натпревар која ќе гледа нови асови и таленти.

– Овој клуб мене ме афирмира и затоа сакам да се оддолжам во вистинска смисла на зборот. Концепцијата на клубот е одлична и со меѓународни аспирации и затоа убеден сум дека овој нов ангажман е подобар отколку понудите од странство. Верувам дека со овие амбициозни планови можеме да направиме многу, а за тоа освен од раководството имам поддршка и од јавноста и уверен сум дека ќе ги исполниме очекувањата, нагласи Хаџиевски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска