Манчестер Јунајтед потврди дека 39 годишниот Велшанец, Рајан Гигс, потпишал нов едногодишен договор со клубот од Олд Трафорд.
Следната сезона Гигс ќе насапува со 40 години и ќе ја игра 23-та сезона во дресот на Црвените Ѓаволи за кои потпиша во 1990-та.
Од својот прв настап за Јунајтед до денес Гигс има 931 настапи и 18 освоени трофеи во сите конкуренции што доволно говори за богатата кариера на фудбалерот.