Германскиот селектор Лев со репрезентацијата сака да влезе во историјата

Од:

Пласманот на Германија во финалето на Светското првенство во Бразил дава можност оваа репрезентација со евентуален триумф да испише нова страница во фудбалската историја.

На светските првенства досега одржани на американските континетни (Јужна Америка и Северна и Средна Америка) не победила европска репрезентација.

– Знаеме дека можеме да влеземе во историјата. На овој континент доминираат репрезентациите од Јужна Америка. Зошто ние да не бидеме први, кои ќе ја прекинат таа традиција. За нас ќе биде дополнителна радост ако станеме светски прваци како Европјани во Јужна Америка, изјави селекторот на Германија, Јоаким Лев.

Германците трите титули светски прваци ги освоија на шампионати одржани во Европа: 1954 година – Швајцарија; 1974 – Западна Германија (Германија) и 1990 година – Италија.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска