Германскиот велосипедист, Ерик Цабел кој се повлече во 2008 година, призна повеќегодишен допинг со недозволиви препарати, еритропоетин и кортизон.
Цабел е еден од најуспешните спринтери во велосипедизмот на сите времиња, шест пати ја освои зелената маица на Тур де Франс за најдобар спринтер.
Тој минатата година призна дека во 1996 година во краток период користел ЕПО.
Цабел нагласи дека немал план за допинг, но дека покрај ЕПО и кортизон, користел и крвен допинг.
Елена Георгиевска