Германија и САД, од Г групата, изборија пласман во осминафиналето на Светското првенство во Бразил.
Германија во дуелот на двете првопласирани селекции ги совлада САД со 1-0, со голот на Милер постигнат на почетокот од второто полувреме. Напаѓачот на Германија го постигна четвртиот гол на Мундијалот, со што на листата стрелци се израмни со водечките Нејмар и Меси.
Португалија, пак, со победата над Гана се прости од светското првенство. Португалците триумфираа со 2-1, но поради подобрата гол разлика во нокаут рундата одат Американците.
Боје со автогол и’ донесе предност на Португалија, израмни Асамоа Џан, а конечниот резултат го постави Кристијано Роналдо со неговиот гол првенец на првенството.