Германецот Нико Хулкенберг и во наредната сезона ќе го вози за тимот на Форс Индија во Формула 1 шампионатот.
– Добро е да се потврдат плановите за наредната сезона. Екипата ја познавам одлично и оваа година имаме сјајни резултати. Имаме големи амбиции, повторно ќе бидеме конкурентни’, изјави Хулкенберг за германските медиуми.
Потврдувајќи ја информацијата од клубот потенцираа дека сите се задоволни и среќни што и во наредната сезона ќе имаат можност да соработуваат до Германецот.
Во тековната сезона 27-годишниот Хулкенберг, на само три трки не успеа да освои бодови, односно да не се пласира меѓу првите осум, а со вкупно 76 освоени бодови Германецот е на 8-место во Генералниот поредок.
На три трки до крајот на првенството тимот на Форс Индија, со освоени 123 бодови е на шестото место во конкуренција на конструктори.