Германецот Андре Грепел е победник на денешната втора етапа на велосипедската трка Тур Д‘ Франс што во должина од 166 километри се возеше од Утрехт до Зелане. Група од четири велосипедисти заедно ја минаа целта, па фото-финишот решаваше да позициите и победникот на етапата. Така Грепел беше најдобар со време 3 часа 29 минути и 3 секунди, а исто време имаа и вториот Петер Саган од Словачка, третиот Фабиен Канцелара од Швајцарија и Марк Кавендиш од Велика Британија, кој заврши на четвртото место.
По денешната етапа „жолтата маица“ и водството во генералниот пласман ги презеде Канцелара со време 3:44:01 часа, а вториот Тони Мартин од Германија заостанува 3 секунди.
Утре се вози третата етапа со должина од 159,5 километри од Анверс до Ху.