На дваесет и тројцата германски репрезентативци кои настапуваат на Мундијалот во Бразил осигурителната компанија им покрива осигурување во вредност од 641,2 милиони фунти, податок што Германија ја прави репрезентација со најскапо осигурување.
Според пресметките на аналитичарите од оваа област, на второто место е Шпанија со осигурување вредно околу 590 милиони фунти.
Што се однесува до групите, најскапа е групата Г во која играат Германија, Португалија, Гана и САД со вкупна вредност од приближно 1,2 милијарди фунти. Поединечно Португалија – 280 милиони фунти, Гана – 160, САД – 111.
За разлика од оваа група, репрезентациите во Х, Е, Ф и Ц групите, сите заедно имаат помала вредност од Германија. Вкупно се проценети на 337 милиони фунти. Од овие групи најефтини за осигурителните компании се Брегот на Слоновата коска, Јапонија, Колумбија и Грција.