Германците бесни поради тетоважата на фудбалерот-што значи симболот на неговите гради

Од:

Личниот тренер на поранешниот германски ас Месут Озил објави фотографија со поранешниот светски првак на која едно посебно внимание привлече – тетоважата на фудбалерот. На градите има истетовиран сив волк, за кој „Дојче веле“ пишува дека нашироко се гледа како симбол на десничарскиот екстремизам, ултранационализмот и антисемитизмот.

Секако, неговиот тренер сакаше само да покаже како изгледа Озил и по завршувањето на кариерата. „Дојдовме до оваа точка по две недели напорна работа за време на празниците, но немојте да мислите дека сме готови. Само што почнавме“, напиша тој.

Озил оваа година ја заврши кариерата како играч на Башакшехир и тоа напуштајќи го теренот додека се играше. Некогаш беше еден од најдобрите светски играчи од средниот ред, светски првак во 2014 година со Германија, ѕвезда на Реал Мадрид, потоа предводник на Арсенал. Но, неговата кариера беше проследена и со бројни контроверзи, како онаа кога се сликаше со Реџеп Таип Ердоган пред изборите во Турција во 2018 година и предизвика тензии во Германија. Навивачите на репрезентацијата и воопшто љубителите на фудбалот го обвинија дека не покажува лојалност кон земјата во која е роден и за чија репрезентација настапува, туку кон земјата од каде што потекнува. Германскиот фудбалски сојуз се огради од неговите постапки, а по дебаклот на Германија на СП 2018 во Русија и елиминацијата во групната фаза, Озил се повлече.

При напуштањето на германскиот фудбал рече дека не го почитуваат, дека трпел расизам и непочитување во неколку ситуации, упатувајќи сериозни обвинувања кон првиот човек на здружението. Сега повторно е мета на напади и критики во Германија, но поради фотографија со контроверзен симбол.

Би можело да ве интересира

Агентот на Озил до Артета: Или зборувај ја вистината или молчи

Жарко Настоски

Озил се налути откако не го вклучија во составот на Арсенал за Премиер лигата

Жарко Настоски

Арсенал му исплати на Озил бонус за лојалност од осум милиони фунти

Жарко Настоски

Озил е херој во Арсенал, ќе ја плаќа платата на отпуштената маскота

Жарко Настоски

Емери: Озил треба да покаже постојаност