Озил се налути откако не го вклучија во составот на Арсенал за Премиер лигата

Од:

Фудбалерот на Арсенал, искусниот Месут Озил, го обвини клубот дека не му возвратил за лојалноста со изоставувањето од тимот за натпреварите во Премиер лигата и изјави дека ќе се бори за својата шанса.

– Ова е тешка порака што им ја пишувам на навивачите на Арсенал, за кои играв неколку години. Навистина сум длабоко разочаран бидејќи не бев регистриран за сезоната во Премиер лигата. Со потпишување на нов договор во 2018 година, му ветив на клубот лојалност и ме растажува што не ми беше возвратено. Како што сега научив, верноста денес тешко се стекнува, пишува Озил на Инстаграм.

Освен во Премиер лигата, Озил не е регистриран за натпреварување во Лигата на Европа.

– Од недела во недела, се обидував да останам позитивен дека може да има шанса да се вратам во тимот. Затоа досега молчев, изјави германскиот фудбалер.

Озил е најскапиот играч во историјата на Арсенал, а тој не играл од март. Тој играше на секој натпревар во Премиер лигата откако тренерот Микел Артета го презеде тимот, но не заигра откако сезоната беше запрена поради пандемија на коронавирус, а потоа продолжи во јуни.

– Пред паузата поради коронавирусот, бев задоволен од ситуацијата под водство на новиот тренер, бев позитивен и моите игри беа на добро ниво. Но, потоа работите се променија, повторно, и веќе не ми беше дозволено да играм фудбал за Арсенал. Што друго можам да кажам? Го сметам Лондон за свој дом, имам пријатели во тимот и сè уште чувствувам одлична врска со навивачите, рече Озил.

Германскиот интернационалец го додаде следново: „Без оглед на сè, јас ќе продолжам да се борам за мојата шанса и нема да дозволам мојата осма сезона во Арсенал да заврши на овој начин. Можам да ветам дека оваа тешка одлука нема да промени ништо во моето размислување, ќе продолжам да тренирам најдобро што можам и каде и да е можно, мојот глас ќе се слуша против нечовечноста, за правда“.

Во текот на својата кариера, Озил играше за Шалке, Вердер и Реал Мадрид, од каде се пресели во Арсенал во 2013 година.

Озил освои три ФА купа и Комјунити Шилд со Арсенал и играше во финалето на Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Ливерпул со нов клупски рекорд, нема пораз на домашен терен 64 последователни натпревари

Ана Ололовска

Ливерпул лесно се справи со Лестер и се искачи на второто место во Премиер лигата

Ана Ололовска

Клоп: Невозможно е да се освојат 100 бода оваа сезона, дури и 87 е нешто далечно

Ана Ололовска

„Сан“: Сити ќе се обиде да го ангажира Меси во јануари

Ана Ололовска

Гомез верува дека ќе се врати посилен по повредата на коленото

Ана Ололовска

Евертон заинтересиран за Иско

Ана Ололовска