Герасимовски: По цели 13 години го реактивиравме ОК „Работнички Скопје 71 & 22“

Од:

Општина Центар повторно го рестартираше функционирањето на одбојкарскиот клуб ОК „Работнички Скопје 71 & 22“. Цели 13 години клубот беше неактивен, а по поддршката од општината клубот почна да носи позитивни резултати велат од Општината.

„Големо е задоволството да гледаш како еден клуб повторно изгрева и запишува нови победи. ОК „Работнички Скопје 71 & 22“ веќе почна да освојува, сениорите од Прва државна лига со учество во плејоф го освоија ЧЕТВРТОТО место. ШАМПИОНИ станаа во Јуниорска конкуренција 2004, освоија ВТОРО место Кадетско првенство и ШЕСТИ се во пионерската лига. Им посакувам големи успеси и полни трибини“, изјави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Екипата на „Работнички Скопје 71 & 22“ има репрезентативци во сите категории: Сениори, Јуниори, Кадети и Пионери. Општина Центар ги повикува сите заинтересирани млади луѓе да му се приклучат на клубот.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата