Георгиевски во борба за злато на Олимпијадата во Токио

Од:

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се пласира во финалето на Олимпијадата во Токио. Тој претпладнево го победи Кјо Дон Ин од Кореја со 12:6 во полуфиналето во категоријата +80 килограми.

За прв пат на турнирот во Токио, Георгиевски имаше негатива по првата рунда (0:1). Следуваа две добри минути за македонскиот репрезентативец и водство со 5:3 по втората рунда. Последните две минути поминаа во доминација на Македонецот за сигурен пласман во финалето.

По две децении македонскиот спорт доаѓа до медал на Олимписките игри.

Противник на Георгиевски во борбата за златото ќе биде Русинот, Владислав Ларин. Финалето е закажано за 14:45 часот.

Би можело да ве интересира

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Ана Ололовска

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Игрите во Токио

Ана Ололовска

САД останаа без медал за прв пат од враќањето на тенисот на Олимпијадите

Ана Ололовска

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Ана Ололовска

ОИ: Максимални четири победи за ракометарите на Франција

Ана Ололовска

Кина и Јапонија прво според медалите по шестиот ден на Олимпијадата

Жарко Настоски