Американскиот спринтер, Тајсон Геј, бил позитивен на забранети стероиди. Минатиот месец беше соопштено дека Американецот бил позитивен на допинг тест, пренесе Макфакс.
Инаку, позитивниот допинг тест на Геј му бил направен за време на националните квалификации за Светското првенство.
Според правилникот на Светската антидопинг агенција (WADA), казна за користење на недозволени стероиди е двегодишна суспензија.
Покрај Геј, во исто време позитивен на допинг тестот беше и некогашниот светски рекордер на 100 метри, Асафа Пауел од Јамајка.