Геце може да заигра за Вестхем

Од:

Поранешниот репрезентативец на Германија, Марио Геце може да заврши во Вест Хем, пишува „Дејли експрес“. 28-годишниот играч за врска е слободен агент, откако на крајот на сезоната му истече договорот со Борусија Дортмунд.

Вест Хем упатил барање за Геце, но Монако и Рома исто така го следат плејмејкерот.

Геце, кој го постигна победничкиот гол за Германија во финалето на СП 2014 против Аргентина, помина низ доста тешки моменти откако му беше дијагностицирана со миопатија во 2017 година.

Сепак, поранешната ѕвезда на Баерн Минхен се опорави од своите проблеми и минатата година одигра 21 натпревар за Дортмунд, постигнувајќи три гола.

„Чеканите“ го следат и напаѓачот на Порто, Муса Марега, кој е проценет на околу 15 милиони фунти. Сепак, за него е заинтересиран и Њукасл. 29-годишниот напаѓач постигна 45 гола на 87 натпревари за Порто, но веќе изрази желба да се пресели во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска