Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, планира да го купи шпанскиот фудбалски клуб Еспањол од Барселона, пренесува „Политико“.
Ал-Келаифи, истакнал дека со помош на Европската фудбалска унија (УЕФА) сака да ја спречи Барселона да доминира на фудбалскиот пазар.
Тој е лут на УЕФА што дозволи Барселона да ги прекрши правилата за финансискиот „фер-плеј“.
„Дали е правилно тоа што го направи Барселона? Не, не е во ред. Не сум сигурен дали е легално, но такви работи се дозволени. Другите ќе го сторат истото. УЕФА има свои финансиски правила и сигурен сум дека ќе го истражи сето тоа“, рекол Ал-Келаифи.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Ал-Келаифи планира да го купи Еспањол, бидејќи сака да ја стави Барселона во сенка.
Сопственикот на ПСЖ сака Еспанол да биде најсилниот тим во Каталонија, а не Барселона.
На Ал-Келаифи му пречи што Барселона во летниот преоден рок ги ангажираше Роберто Левандовски, Рафиња, Андрес Кристенсен, Франк Каси и Жил Кунде, иако каталонскиот клуб имаше големи финансиски проблеми.
Шпанските медиуми потсетуваат дека Барселона продаде 25 отсто од клупските телевизиски права во следните 25 години за 267 милиони евра, а потоа каталонскиот клуб ги вложи тие пари во купување на нови играчи.
Извор: Топспорт