Гарначо и Рашфорд го покорија Лидс за второ место на Јунајтед

Од:

Манчестер јунајтед се мачеше во поголемиот дел од гостувањето на „Еланд роуд“ кај традиционалните ривали Лидс јунајтед, за Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо во финишот на мечот да постигнат голови за 0:2 победа и привремено искачување на „ѓаволите“ на второто место во Премиерлигата.

Само неколку дена откако одиграа разочарувачко 1:1 реми на „Олд Трафорд“ против истиот противник, Јунајтед одиграа лошо прво полувреме на гости, во кое не можеа да се справат со физичката игра на домаќините. На почетокот на второто полувреме, Лидс дури беа поопасниот противник, пред, конечно, во 80. минута, по убава акција, Маркус Рашфорд да ја продолжи одличната низа со уште еден гол.

Најубавиот момент беше во 85. минута, кога Алехандро Гарначо по едно прекрасно истрчување, го матираше Илан Меслие во еден од неговите најдобри потези во кариерата.

Јунајтед сега се втори со 46 поени, пет зад Арсенал, и еден поен пред Манчестер сити кои во 17.30 играат со Астон вила. Лидс се 17. со 19 поени, само еден поен над зоната за испаѓање.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме беснее во Британија: Торнадо го погоди Манчестер

Аеродромот во Манчестер затворен поради обилните снежни врнежи

Горан Наумовски

Евакуација на аеродромот во Манчестер поради сомнителен пакет

А1он

Солскјер: Морав да сменам многу во Јунајтед по Мурињо

Ландов

Аријана Гранде ги посети повредените фанови во болница во Манчестер

Наум Локоски

Уапсено уште едно лице во врска со нападот во Манчестер

Наум Локоски