Инспирирани од ендемското животно армадило, Бразилците за официјална маскота на Светското првенство уште пред две години го избраа Фулеко кој освои 48% од гласовите. Вкупно 1,7 милиони луѓе гласале за него во конкуренција на Зузеко и Амиџуби.
Маскотата е во комбинација од бразилските национални бои и сината боја која асоцира на заштита на природата.
Фулеко името го доби со комбинацијата на првите букви од зборовите „фудбал и екологија“.
Бразилската маскота го претставува гостопримство на овој народ, радоста, самодовербата и свеста за екологијата.
Има стекнато голема популарност уште пред да почне Мундијалот и е една од најпопуларните маскоти во историјата на Светските фудбалски првенства.