Фудбалската репрезентација во јуни ќе одигра две пријателски средби со Кина

Од:

Фудбалската селекција на Македонија во јуни ќе одигра два пријателски натпреварa со репрезентацијата на Кина како дел од циклусот подготвителни натпревари за претстоечките квалификации за ЕУРО 2016 кои започнуваат во септември 2014 година.

По вчерашниот дуел против Камерун, нашата репрезентација ја очекува дуелот против Катар кој ќе се одигра на 30 мај во Италија.

Како што соопштија од ФФМ, овие натпревари се од исклучително значење, бидејќи првенствено во овој период, нивната улога е што подобро запознавање со потенцијалните репрезентативци, можност секој од нив да добие шанса за докажување како и да се пробаат различни тактики и стратегии.

– Заедништвото, сплотеноста, помошта на фудбалскиот терен е нешто што со години наназад ни недостига, и тоа треба да се промени. Од секој натпревар, треба да се извлекува поука, да се направи анализа, и работите да се подобрат веќе на следната средба. Ќе им биде дадена шанса и на интернационалците, но и на фудбалерите од домашното првенство, а се со цел да се уигра замислената тактика, и да се формира комплетна слика за изгледот на репрезентацијата. Се разбира дека резултатите се важни, но со овие подготвителни натпревари на прво место е формирање на комплетен тим кој достојно ќе не претставува во претстоечкиот квалификациски циклус, изјави селекторот Ѓуровски и додаде дека тимот ќе се подмладува, а шанса ќе добијат повеќе млади фудбалери.

Натпреварите со Кина ќе бидат одиграни на 18 јуни во Шенјанг и на 22 јуни во Јинан.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска