Фудбалот – повеќе од спорт во Бразил

Од:

Односот помеѓу бразилските навивачи и нивните фудбалски тимови ја надминуваат смислата на спортот. Лојалноста е во историјата, во крвта. Тоа е врска која преоѓа од генерација кон генерација. Син на фан на Фламенго ќе биде фан на Фламенго. И бидете сигурни дека и неговиот син исто така ќе биде фан на Фламенго. Љубовта на Бразилците кон нивните клубови е безусловна, и издржува дури и во најтешки времиња.

Фановите ќе останат со своите тимови дури уште позбиено кога на тимовите им се заканува да испаднат во втората лига. Тоа се случува одвреме-навреме со поддржувачите на Фламенго, кога тимот запаѓа во кризи, како што беше случај минатата година. „Она што ги води фановите во Бразил е страста, фантазијата, а не добриот производ“, рече неодамна министерот за спорт во Бразил, Алдо Ребело. Таа страст се раѓа на правливите и каливи ливади или по валканите улици, каде децата си играат и вежбаат, и учат за играта која е толку длабока идентификација со нивната земја.

Нон-стоп забава

Како што растат, фудбалските стадиони се местата каде Бразилците се издувуваат, со нон-стоп пеење и запалива забавна атмосфера. Тоа се случува и во пониските лиги, со не толку познати тимови за кои малкумина слушнале. Некои Бразилци велат, иако делумно во шега, дека на малкумина во земјата им треба психијатар кога има натпревар секој викенд, каде тие ги ослободуваат сите свои емоции.

Не е тајна дека во Бразил дури и националнииот тим е на второ место по клубовите кога станува збор за страста на навивачите. Ако прашате некој фан дали повеќе сака да оди на Селекаовин (Светскиот куп) која почнува тука наскоро, или да го гледа омилениот клуб како го освојува државниот куп, мнозина би рекле дека повеќе сакаат нивниот тим да победи. И ако фудбалот е религија за Бразилците, тогаш Маракана е нивниот храм.

Познатото здание во Рио каде нема да се одигра финалето на државниот куп во јули, е местото каде фанатиците нагрнуваат во неделите за да ги слават своите клубови. Нема ништо слично на гледањето на преполн натпревар на Маракана. Американскиот режисер Спајки Ли ќе ви го потврди тоа.

Тој бил на финалето на Бразилскиот куп минатата година, кога Фламенго, најпопуларниот тим во Бразил, ја освоил титулата.

– Не ве лажам. Вечерашниов меч прави нашиот Супер боул (финалето на американскиот клубски бејзбол) да изгледа како финале во ниска лига“, тогаш напиша тој на неговиот Инстаграм акаунт. „Стадионот полуде за време на целиот меч. Во ушите се уште ми бучи, а се заврши пред еден час. Во мојот живот никогаш не сум слушнал толку бучна маса народ“.

Хинду – Ченаи, Индија

Би можело да ве интересира

Тите заминува и не може да се помири: Шутнаа само еднаш

ВИДЕО: Бразил е во осминафинале, со триумфот над Швајцарија одигра и за Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Атлетико Минеиро бразилски шампион по пауза од 50 години

Ана Ололовска