Фудбалерите заминаа за Србија

Од:

Македонската фудбалска репрезентација попладнево отпатува за Јагодина, каде утре против Србија, ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014-година.

Пред заминувањето за Јагодина, в.д. селекторот Зоран Стратев на денешната средба со новинарите ги искажа своите очекувања за утрешниот натпревар.

– Србија е фаворит на хартија, но ние таму нема да одиме со „бело знаме“, особено по добрата игра која ја прикажавме во Велс, рече Стратев.

Стратев на натпреварот против Србија, не ќе може да смета на суспендираниот Ванче Шиков, но и капитенот Горан Пандев, кој на барање на неговиот клуб се врати во Неапол. Затоа, Зоран Стратев е принуден да направи измени во составот, во однос на оној кој играше против Велс пред четири дена.

В.д. селекторот најави дека во одбраната на местото на Шиков ќе игра Бобан Грнчаров, а на местото на Пандев ќе игра класичен напаѓач.

– Против Србија ќе го менуваме начинот на игра. Против Србија нема да може да играме како во Велс. Ќе мора да бидеме претпазливи, да ги затвориме приодите кон нашиот гол, а шансата за постигнување на гол ќе ја бараме преку контра нападите, дополни Стратев.

Со кој состав Стратев ќе го започне натпреварот против Србија, ќе реши по тренингот во Ниш, кој репрезентацијата ќе го одработи утре од 10 часот, по што селекцијата патува за Јагодина, каде од 20 часот и 30 минути ќе го започне последниот натпревар во овој циклус на квалификации.

Потсетување дека на натпреварот во Скопје, Македонија со голот на Агим Ибраими од пенал, ја совлада Србија со 1:0.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска