Фудбалерите на Наполи денеска забележаа победа на гостувањето кај Емполи со резултат 1:0, во осмото коло од Серија А.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Хвича Кварачелија од пенал во 63. минута.
Фудбалерите на Наполи го задржаа првото место на табелата во Серија А со 19 бодови, додека Емполи е на 11. место со 10.