Фудбалерите на Црвена Звезда спречени од полицијата да влезат во Косово

Од:

Натпреварот меѓу фудбалските клубови Трепча од Косовска Митровица и Црвена Звезда од Белград нема да се одигра, откако косовската полиција денеска на граничниот премин Јариње не му дозволи влез во земјата на автобусот со фудбалерите од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Натпреварот во рамките на купот на Србија требаше да се одигра денеска во 15 часот, меѓутоа претходно тој беше забранет од Фудбалската федерација на Косово (ФФК).

Информацијата за одложувањето на натпреварот во изјава за медиумите на српски јазик во Косово ја потврди и директорот на фудбалскиот клуб Трепча, Бојан Јакшиќ.

Вчера, како и во неколку случаи порано, ФФК ги повика косовските безбедносни власти да не го дозволат одржувањето на натпреварот.

ФФК се противи на учеството на српски клубови од Косово во натпреварите во Србија, инсистирајќи дека само таа има право да организира натпревари на територијата за Косово и, како што објавија приштинските медиуми, „за обидот на Србија на ваков начин да интервенира на косовска територија“ се жалела и во УЕФА и ФИФА.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска