Бразил со победа од 2:0 против Колумбија, се пласираше во полуфиналето на ОИ во Рио, Нејмар постигна маестрален гол во победата на „Кариоките“.
Резултатот го отвори Нејмар во 12. минута со одлично изведен слободен удар од 25 метри, за својот првенец на една Олимпијада во кариерата.
Конечните 2:0 беа постигнати во 83. минута, кога Луан, проигран од Нејмар, стрелаше за 2:0. Следниот противник на Бразил во походот кон финалето ќе им биде селекцијата на Хондурас.