Македонската фудбалска репрезентација вчера одржа уште еден тренинг пред гостувањето во Јагодина каде утре ќе го одиграме последниот квалификациски дуел за СП во Бразил со домашната селекција на Србија.
На оваа средба ќе играме без капитенот Пандев кој се врати во Неапол за дербито со Рома и казнетиот Шиков. Мирко Ивановски нема повреда и е подготвен да го даде максимумот.
Нашите најдобри фудбалери за Србија ќе отпатуваат во вторник со автобус и ќе се сместат во Ниш бидејќи во Јагодина каде се игра натпреварот нема соодветно хотелско сместување.
Избраниците на селекторот Зоран Стратев за да избегнат дополнителен замор единствениот тренинг пред мечот ќе го одржат во Ниш и директно ќе отпатуваат на квалификацискиот дуел во вторник. Јагодина е одалечена од Ниш околу 100 километри.
Ова ќе биде првпат Јагодина да биде домаќин на квалификациски репрезентативен меч. Останатите средби Србија како домаќин ги одигра во Белград и Ниш.