Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Есторил одигра без голови против селекцијата на Ангола на пријателски натпревар.
„Црвено-жолтите“ одиграа исто така реми без голови против Португалија во саботата.
Ова на Македонија и беше прв натпревар против 78. рангираната селекција на ФИФА листата и ќе останеме со позитивен меѓусебен биланс, без пораз.
Реми натпреварите против Португалија и Ангола, селекции кои се подобро рангирани од Македонија, на „црвено-жолтите“ ќе им донесе скок на ФИФА листата, која светската куќа на фудбалот ќе ја објави на 6. јуни.