Фудбал У21: Македонија поразена од Норвешка

Од:

Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби на гостувањето во Драмен од Норвешка со 2:1 во рамки на квалификациите за Евопското фудбалско првенство 2015 година.

Норвешка рано поведе преку Александер Гровен уште во  3.минута. Во 24 минута за Норвешка беше досуден пенал, а Александар Дамчевски доби црвен картон. Сигурен реализатор на пеналот беше Мушанга Бакенга.

Македонија и со играч помалку успеа да постигне гол преку Бобан Николов во 72.минута.

Ова за избраниците на Бобан Бабунски беше прв пораз во 8.та квалификациона група, откако со Азербејџан во 1.коло одиграа нерешено 0:0.

Следниот натпревар Македонија го игра на домашен терен против Азербејџан на 15 ноември.

Табела: Португалија 3 бодови (1 натпревар), Израел 3 (1), Норвешка 3 (2), Македонија 1 (2) и Азербејџан 1 (2).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска