Британецот Кристофер Фрум, очекувано ја потврди победата на велосипедската трка низ Франција.
На последната етапа, од Версај до Париз, ја задржа предноста и со вкупно време 83 часа, 53 минути и 40 секунди триумфираше на најпрестижната велосипедска трка која го имаше 100-то издание.
За Фрум прв триумф на оваа трка, за неговиот тим „Скај“ втора победа едно по друго.
Втор заврши Наиру Куинтана он Мовистар со околу 5 минути задоцнување, а трет Родригез.
На последната етапа, победи Марсел Кител од Германија со време 3 часа, 6 минути и 14 секунди.