Шели Ен Фрејзер Прајс го освои златото и на трката на 200 метри вечерва во Москва, откако тоа го стори пред 3 дена и на 100 метри.
Втора стигна Мјуриел Ахуре од Брегот слонова коска, со второто сребро за неа по тоа на 100 метри.
Бронзата ја освои Блесинг Окагбаре од Нигерија и за неа ова е втор медал во Москва по сребрениот во скок во далечина.
Една од најуспешните на сите времина во оваа дисциплина, Алисон Феликс се повреди на половина од трката и падна на тартанот, по трката беше изнесена на раце од стадионот.