На трката од 100 метри кај жените доминација на натпреварувачката од Јамајка, двократната олимписка шампионка и најдобрата од Светското првенство од 2009 година Шели Ен Фрејзер Прајс истрча 10.71 секунди – најдобро време оваа година.
Сребрениот медал и припадна на Мурели Ахуре од Брегот на Слоновата коска со време – 10.93 секунди, а шампионката од Даегу, Американката Кармелта Џетер освои бронза со резултат – 10.94 секунди.