Французинот Франсоа Жиси со велосипед возеше 333км/час

Од:

Французинот Франсоа Жиси со велосипед го сруши рекордот за брзо возење со велосипед, возејќи 333км/час. Тој брзината ја постигна возејќи на пистата во Кастеле на југот од Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.

Триесет и две годишниот Французин, љубител на екстремните спортови, како што пишува регионалниот весник „Нис Матан“, овај рекорд го реализира со помош на инженерот Арнолд Нерашер, кој го конструира моторот-ракета на велосипедот. Брзината била мерена со ЏПС уред кој регистрирал 333 км/час, откако претходниот рекорд бил од 263 км/час во 2013 година.

Според Франсоа Жиси, постојат ризици неговиот велосипед да полета на таа брзина, поради тоа тој на својот велосипед е легнат, за да ја урамнотежи тежината. Исто така пистата треба да биде рамна, бидејќи доволно е да има мала тумба и велосипедот ќе полета, бидејќи е многу лесен.

На прашањето дали има задоволство да се вози на таа брзина, рекордерот вели: „Нема задоволство, срцето чука силно, тоа е предизвик. Задоволството е кога ќе се погледнат бројките“.

Следен предизвик за Жиси е поминување на прагот од 400 км/час.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски