Натпреварот меѓу Динамо Минск и Работнички, кој в четврток ќе се игра во Белорусија, ќе го суди француска судиска четворка.
УЕФА за главен судија на натпреварот го одреди Николас Раинвил, а ќе му помагаат Гилјом Дебарт и Филип Жан. Четврти судија на натпреварот ќе биде Јоан Хамел.
Реванш мечот од второто квалификациско коло во Лигата Европа ќе се одигра в четврток, со почеток во 17 часот, на стадионот „Трактор“ во Минск.
Првиот дуел во Скопје заврши со резултат 1:1.