Француската Влада најави мерки за сузбивање на инцидентите на фудбалските стадиони

Од:

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави денеска по состанокот со министерката за спорт Роксана Марисинеан дека надлежните власти мораат итно да ги засилат безбедносните мерки на фудбалските стадиони.

До средбата на двајцата членови на француската Влада дојде по инцидентите во неделата на стадионот во Лион на дуелот меѓу домашната екипа и Марсеј.

Дербито меѓу Лион и Марсеј беше прекинато веќе во петтата минута, кога навивач на домашната екипа со пластично шише го погоди во главата фудбалерот на Марсеј, Дмитри Пајет.

Дисциплинската комисија му наложи на Лион до завршување на истрагата своите домашни натпревари да ги игра без публика.

– Мораме да дојдеме до заклучок, кој би го спречил повторувањето на вакви работи, но притоа фудбалот да остане атрактивен настан, изјави Дарманин.

Меѓу мерките кои ги разгледува владата во Париз се целосно затворање на стадионите и зголемување на бројот на безбедносни камери на трибините.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска