Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе

Од:

Француската полиција истражува случај во кој 18-годишниот Клеман Л. на 21 август 2026 година во Нантер е обвинет за организирање разбојништва во група.

Младиот Французин е осомничен дека бил еден од организаторите на серија напади врз куќи и планирани киднапирања.

Според истрагата, групата од 11 април до 19 август подготвувала или извршила напади на различни локации во околината на Париз и Бургундија. Наводни цели биле сопственици на компании, еден рапер, но и фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

На Клеман Л. му е одреден притвор и е сместен во самица, додека неговиот наводен соучесник е пуштен да се брани од слобода под судски надзор.

Обвинителството пред Апелацискиот суд во Версај истакнало дека станува збор за млад човек кој веќе бил во затвор поради сериозни кривични дела, а сега повторно се нашол во центарот на истрага во која се вклучени познати јавни личности.

„Овој млад човек веќе бил во затвор поради сериозни дела, а сега го наоѓаме во нов случај кој вклучува рапер и познат фудбалер“, изјавил заменик-обвинителот, образложувајќи дека изолацијата е мерка со која може да се спречи продолжување на криминалните активности.

Мбапе, според досегашните информации, не е осомничен ниту обвинет во овој случај. Неговото име се споменува единствено како наводна цел на планирано киднапирање.

Би можело да ве интересира

Најава за враќањето на Роналдињо на терените: „Магијата никогаш не исчезна, се враќа на 15 ноември“

Предраг Петровиќ

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

(ВИДЕО) Јамајканец го изведе еден од најлошите пенали во историјата на фудбалот

А1он

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев