Франција со многу мака го совлада Тунис

Од:

Бранителот на олимпиското злато од Лондон, селекцијата на Франција со многу мака стигна до првата победа на ОИ во Рио, на машкиот ракометен турнир.

„Триколорите“ во меч од 1.коло на групата А ја совладаа селекцијата на Тунис со 25-23. Најефикасен во редовите на Франција со шест постигнати гола беше Кентин Махе додека Никола Карабатиќ и Валентин Порте постигнаа по четири гола.

Во останатите два меча од оваа група, Данска очекувано ја победи Аргентина со 25-19, додека актуелниот светски вицепрвак Катар убедливо со 30-23 ја победи Хрватска.

Во групата Б, европскиот шампион Германија ја совлада Шведска со 32-29, неочекувано домаќинот Бразил беше подобар од Полска со 34-32, а Словенија минимално со 27-26 се радуваше на триумф во дуелот со Египет. ит/

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ