Фудбалерите на Франција со убедлива победа над Хондурас 3:0 страртуваа на светското првенство.
По првото коло во Е групата, Франција и Швајцарија имаат по три бода, Швајарците претходно го победија Еквадор со 2:1.
Откако во првите 25 минути Французите два пати ја подогија рамката од голот на Хондурас, во финишот на полувремето Бензема од пенал го отвори резултатот. Пеналот го направи Палсиос, кој го доби вториот жолт картон и го заврши натпреварт.
Во второто полувреме по ударот на Бензема, топката заврши во голот. Инаку новата технологија го потврди погодокот но и тоа дека голманот Ваљадарес последен играл со таа топка. Ваљадарес го постигна вториот авто гол на првенството, откако на премиерата Марсело ја погоди сопствената мрежа.
Конечниот резултат го постави Бензема со прецизен удар во 72.минута.