Хрватската пејачка Северина веќе неколку дена е во Бразил како поддршка на репрезентацијата на Хрватска на Светското фудбалско првенство, но освен за Хрватска таа својата поддршка ја дава и за селекцијата на Босна и Херцеговина.
Откако вчера го соблече шаховскиот дрес и на обожавателите на „Фејсбук“ им испрати жежок поздрав од Рио де Жанеиро.
Таа не пропушти и да се фотографира со знаме на Босна и Херцеговина која вечерва на полноќ игра против Аргентина.