По повод 22 години независност на Република Македонија се одигра ревијален натпревар меѓу поранешни фудбалски великани, новинари, политичари и јавни личности.
Во главната улога беше Јохан Тарчуловски, кој сред натпревар се приклучи на екипата на политичарите.
Во екипата на Јохан, играа министерот Фатмир Бесими и заменикот министер Џељал Бајрами, кои го напуштија теренот.
Во ревијалниот натпревар учествуваа и фудбалерите Петар Милошевски, Љупчо Марковски, Илчо Ѓорѓоиоски, Гоце Христов, Саша Илиќ, Саша Ќириќ, Тони Мицевски, Митко Стојковски, Жанко Савов, Сашо Милошевски, министрите Иво Ивановски, Диме Спасов, Фатмир Бесими, новинарите Тони Стојановски, Југослав Костовски, Зоран Николовски.
ФОТО: МИА