Фудбалерите на Партизан совладувајќи ја екипата на Спартак од Суботица со 5:0, ја прославија 25 титула во шампионатот. Натпреварот имаше свечен карактер, бидејќи црно – белите веќе го обезбедија првото место на табелата пред 3 кола на крајот од првенството, кога успеаја да ја поразат Црвена Ѕвезда со 1:0.
Уште пред почетокот на натпреварот, фудбалерите на Партизан го кренаа шампионскиот пехар и се закитија со медалите за освоеното прво место во Јелен супер лигата.
Ниту прославата на стадионот ЈНА не можеше, а да не помине без инцидент. Овој пат беше повреден 11- годишен навивач на црно – белите.
Петар Клинчарски